Елените и во претсезоната се незапирливи

Вашингтон визардс – Милвоки бакс (00:01ч – НБА лига претсезона)

Милкови засега минува одличен период во подготовките за новата сезона, во кој запиша три убедливи победи. Нивниот просечен учинок е околу 120 поени по натпревар, што значи дека на Вашингтон не му се пишува добро. Како што изминува претсезоната, така Адетокумбо влегува во натпреварувачки ритам  и може да се каже дека МВП од минатата сезона е подготвен повторно да доминира на паркетите.

И Магионичарите засега може да се пофалат со успешни подготовки, остварија две победи, но се чини дека ноќеска првпат ќе бидат надиграни. Гледајќи ги поранешните средби од регуларната сезона, Милкови има учинок од 3-2 против Визардс, а во претстојниот меч се очекува порастерено играње кое ќе биде украсено со висок број на поени.

Предлог тип: 2-2 (1.98)

 

Орландо меџик – Филаделфија севентисиксерс (00:01ч – НБА лига претсезона)

Ако не загубиш барем еден меч во претсезоната, нема да дознаеш во кој сегмент треба да се поправиш. Така Орландо по три беспрекорни победи претрпе убедлив пораз од Бостон, па сега Магичните имаат намера да се вратат во победнички ритам против Филаделфија. Сиксерс уште сега се во натпреварувачки погон, а ноќеска се фаворити иако гостуваат во Флорида.

Кога се среќаваат овие две екипи најчесто домаќинот се радува на триумф, така е барем беше во пет последователни средби во регуларниот дел од минатите сезони. Филаделфија ги доби седум од последните 10 меѓусебни меча против Орландо, но за ноќеска се надеваме дека Меџик ќе се радува.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Винипег џетс – Питсбург пингвинс (01ч – НХЛ лига)

Питсбург се мачи со отсуство на неколку играчи поради повреди, па поради тоа претрпеа две разочарувања во вкупно пет меча по стартот на сезоната. И Винипег двапати загуби, но имаат и четири победи од кои три им се во низа, па веруваат дека ноќеска ќе се продолжи серијата.

Џетси минатата недела гостуваа кај Пингвините и славеа со 4-1, од таму доаѓа самодовербата дека можат и на домашен терен да слават против тимот кој секоја сезона има големи амбиции. Ниту едната, ниту другата екипи не може да воспостави доминација во меѓусебните дуели. Питсбург има седум победи во последните 10 меѓусебни средби, а на сите тие меча во просек се постигнуваат по четири погодоци, а некогаш и многу повеќе.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.65)

 

ЛА кингс – Вегас голден најтс (04ч – НХЛ лига)

Кралеви против Златни витези, царски дуел се очекува во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес. Двете екипи кои во воведниот дел од сезоната стојат на средина од табелата во Западната конференција, ноќеска првпат ќе ги одмерат силите. Во претсезонските подготовки Кингс славеа со 3-2 на гости кај тимот на Вегас, но тоа не им помогна на добар начин да ја отворат кампањата.

Досега двете екипи претрпеа по два порази, Голден најтс имаат една победа повеќе и еден одигран натпревар повеќе од Кингс. Според минатите меѓусебни дуели може да се заклучи дека ефикасноста не изостанува, па затоа ќе се обложиме на висок учинок.

Предлог тип: >6.50 (2.0)

 

- Оглас -

Најнови вести