Елените од Милвоки ќе потврдат дека се ѕверка број 1 во НБА

Мајами хит – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 01 часот)

Мајами игра интересен дел од сезоната во НБА лигата и има дури три победи по продолженија во последните пет мечеви, што е рарирет за кошарката каде „иксовите“ се со голем коефициент.

Проблем за Хит е што повторно се мачат со повредите на клучните играчи, па ноќеска нема да играат Драгиќ, Винслоу и Вејтерс. Многу работи против Лејкерс ќе зависат од Џими Батлер, а неговиот дуел со Леброн Џејмс ќе биде во фокусот. И двајцата се извонредни и офанзивци и дефанзивци па ќе има нов дуел меѓу нив за уживање.

Гостите од Лос Анџелес се најдобрата екипа во НБА досега, заедно со Милвоки бакс. Двата состави имаат по 22 победи и само 3 порази, како лидери во двете конференции.

Мајами и езерџиите веќе одиграа еден меч сезонава и Лејкерс славеа со 95:80 во еден од дуелите со најмалку кошеви. Повторно очекуваме тврд меч, со многу тактика и добра дефанзива и ќе типуваме на минус поени.

Предлог тип: < 213.5 поени (1.85)

 

Филаделфија 76 – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 01 часот)

Њу Орлеанс тешко игра во првата сезона без НБА ѕвездата Ентони Дејвис, кој конечно се пресели во Лос Анџелес лејкерс.

Пеликанс нанижаа неверојатни 10 порази, а како играат се наѕира и единаесетката во дуелот со Филаделфија. Популарните 76-ки сосема спротивно, ја кренаа формата и имаат 8 победи на последните 10 меча, па се пробија до третото место во Источната конференција.

Филаделфија е еден од кандидатите за титулата, ја имаат веријатно и најдобрата стратна петорка во НБА лигата, а добро за нив е што почнаа да го оправдуваат епитетот можно изненадување во оваа сезона.

Џоел Ембид би требало да игра, а кога тој е во составот работите одат полесно за Филаделфија. Со него тука се и Харис, Хорфорд, Симонс… квалитет што е пресилен за гостите од Њу Орлеанс.

Предлог тип: 1&>224.5 поени (2.45)

 

Атланта хоукс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30)

Хоукс годинава се вистинска ран-енд-ган екипа и мерак за обложувачите, кои сакаат да типуваат на поени. И постигнуваат и примаат доста кошеви, но таквиот стил за екипата е без поголем ефект. Со само шест победи и 19 порази се меѓу најслабите екипи, а очигледно е дека им недостасува суспендираниот Зак Колинс. Тре Јанг и Џабари Паркер играат добро, но не можат сами, а Атланта има скромен квалитет за елитното друштво.

Индијана игра одлично во првата четвртина од шампионатот и има позитивен скор од 16-9 и што е најважно за нив во последно време им лежи играта на Хоукс. Ги победија пет пати по ред, па ќе типуваме дека во ефикасен меч серијата на Пејсерс ќе продолжи.

Предлог тип: 2&>222.5 поени (2.80)

 

Мемфис гризлис – Милвоки бакс (НБА, 02 часот)

Бакс се опасна машинерија што гази се пред себе во Лигата и има неверојатни 16 победи по ред. Не се поразени од почетокот на ноември, кога Јута Џез последна успеа да ги надигра.

Јанис Адетокумбо повторно игра на ланското ниво, ако не и подобро и пак ќе конкурира за наградата најкорисен играч во НБА, што ја доби лани.

Покрај него полесно играат и Ол-стар бекот Крис Мидлтон, Ерик Бледсо и останатите соиграчи, а во моментов Елените изгледаат несопирливо. Особено за екипи од калибарот на Мемфис.

Домаќините направија доста промени во однос на ланскиот состав и ја плаќаат сметката на неминвниот процес на воигрување на екипата. Имаат 16 порази, двојно повеќе од победи и ноќеска се големи аутсајдери против Бакс.

Мемфис знае да одигра натпревар со многу поени, Милвоки игра атрактивно, па тука ќе типуваме ефикасен меч и победа на гостите.

Предлог тип: 2>226.5 поени (2.40)

 

Колорадо авеланш – Њу Џерси девилс (НХЛ, 03 часот)

Колорадо е во топ-форма и има 7 победи на последните 8 натпревари, а едниот пораз во тој циклус им е од Калгари во продолженија.

Лавините играат одличен хокеј и во последно време забележаа вредни победи против екипи со висок рејтинг во НХЛ лигата, од рангот на најтрофејниот Монтреал, потоа и против поранешните шампиони, Бостон, Чикаго и Торонто.

Натан Мек Кинон им е главен адут, а напаѓачот на Колорадо е трет во лигата според бројот на поени. Искомбинира 19 голови и 29 асистенции и се наоѓа само зад дуото на Едмонтон ојлерс,  Мек Дејвид и Драисајтл.

Проблем за Колорадо може да биде отсуството на повредениот Кејл Макар, кој има само 21 година и сезонава е меѓу најдобрите дефанзивци во Лигата.

Њу Џерси е вториот најслаб состав во НХЛ до овој дел од сезоната, а ѓаволите имаат уште еден лош циклус и со 23 бода се подобри само од Детроит редвингс.

Колорадо може со победа да биде лидер во Западната конференција и ќе типуваме дека ќе успее да го симне од врвот шампионот Сент Луис.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести