Елиф е „талисман“ на Наполи

Елиф Елмас беше талисманот на Наполи во мечот со Лестер, кој заврши со резултат 2:2. Нашиот репрезентативец влезе од клупата во 64-тата минута, при резултат 2:0 за англискиот претставник, и од тој момент тимот од Италија заигра на многу подобро ниво

Ајозе Перез беше стрелец на првиот гол во деветтата минута, и тоа со прекрасен волеј, кој дојде како резултат на една убава акција. Лисиците поведоа со 2:0 преку Харисон Барнс токму во моментите кога Елмас влегуваше на теренот.

По тој момент, Наполи заигра на едно многу подобро ниво и со двата голови на Виктор Осмиен, во 69-тата и 87-мата минута, дојде до драгоцен бод.

Драматично беше и на средбата ПСВ – Реал Сосиедад, каде што конечниот резултат беше 2:2. Марио Геце ја „отвори“ голеадата во 32-рата минута, додека, пак, шпанскиот тим набрзина погоди преку Јанузај и Исак. Со голот на Коди Гакпо, ПСВ дојде до израмнување и со тоа не дозволи бодовите да заминат кај Сосиедад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести