Елиф Елмас се прости од навивачите на Наполи со емотивна објава на социјалните мрежи

По официјализацијата на трансферот во Лајпциг и потпишувањето на договорот до летото 2028 година, Елиф Елмас преку писмо на социјалните мрежи се прости од фановите на Наполи.

„Драги навивачи, ме примивте како дете, ме заштитувавте, ми помогнавте да станам маж. Заедно искусивме прекрасни моменти, поминавме незаборавни ноќи и неописливи радости. Да се биде дел од неаполското семејство, беше привилегија. Сретнав многу фантастични луѓе и стекнав пријателства за цел живот. Вашата топлина, среќа и радост секаде ќе ги носам со мене.

Дојде време да кажеме догледање, нашите патишта се разделуваат, но нашата врска ќе биде вечна. Беше уникатно да се биде дел од Наполи и да се испише историја. Им благодарам на претседателот, на клубот, на тренерите, на соиграчите и на сите соработници. Благодарам Наполи. Благодарам и до вас фантастични тифози кои направивте да се чувствувам како дома во овие пет години. Сите ве сакам. Секогаш ќе ми бидете во срцето. Напред Наполи, секогаш. Чао, Елиф“, напиша македонскиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести