Елиф Елмас во Милан и тоа за трансфер од 35 милиони евра!?

Италијанскиот првак Милан е во потрага по засилувања со кои во следната сезона ќе се обиде да ја одбрани титулата во Серија А и да има достоен настап во Лигата на шампиони. Како еден од потенцијалните нови играчи на Росонерите се споменува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Според турските медиуми, Милан е подготвен да понуди дури 35 милиони евра на Наполи, за да го откупи договорот на Елмас. Ако се случи овој трансфер, на сметката на Фенербахче ќе „легнат“ 1,5 милиони евра како претходен клуб во кој настапувал офанзивниот играч.

Елмас во Наполи помина три сезони, но очигледно дека е незадоволен од минутажата која ја добива. За Наполитанците одигра 126 меча во сите натпреварувања, а постигна 11 погодоци. Пред да ја почне интернационалната кариера, Елмас две години играше за Работнички.

- Оглас -

Најнови вести