Елиминациите во ЛШ се „зона на Кристијано Роналдо“

Екипата на Лион на вечерашниот меч против Јувентус најмногу треба да стравува од Кристијано Роналдо, првиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и фудбалер кој е вистински „убиец на противници“ кога станува збор за нокаут-фазата. Роналдо има дадено дури 65 гола на 79 меча во елиминациите, додека во групната фаза има 63 гола на 89 меча. Тој секогаш е помотивиран кога доаѓаат овие најважни мечеви кога нема простор за кикс.

Статистиката на Португалецот во осминафиналето покажува дека има 23 гола на 30 меча, а најубиствен е во четвртфиналињата, кога давал 25 гола на 22 меча.

Лионел Меси е лидер по бројот на голови во групите и во осминафиналето (има три повеќе од Роналдо), но од четвртфинале до финале, Меси е далеку зад својот ривал.

Јувентус во минатата сезона беше изненадувачки елиминиран во четвртфиналето од Ајакс и веројатно нема да си дозволат иста грешка и пак да бидат поразени од аутсајдер. Роналдо во Серија А редовно дава гол, но ЛШ му е омилено натпреварување, таму има пет титули и затоа Лион најмногу треба да внимава на него.

- Оглас -

Најнови вести