Елмас откри кој е неговиот идол и што најмногу сака да јаде во Италија

Елиф Елмас беше еден од најмладите фудбалери на Европското првенство кое неодамна заврши. Македонскиот фудбалски Дијамант сега се врати во Неапол и веќе е дел од подготовките за новата сезона во италијанскиот тим.

Македонскиот репрезентативец во едно мини интервју, преку социјалните мрежи одговараше на неколку интересни прашања поставени од навивачите. Елмас верува дека со македонската фудбалска репрезентација повторно ќе биде дел од големо натпреварување.

„Прекрасно искуство е играњето на Европско првенство. Беше импресивно. Прекрасно е да се биде дел од големо натпреварување во репрезентативниот дрес“, рече Елмас.

Меѓу прашањата кои му беа поставени, тој откри дека негов идол е некогашниот бразилски виртуоз Роналдињо, а најмногу сака да ги јаде пиците Капричиоза и Маргарита, а посебен мотив му е да се докаже во новата сезона со новиот број 7.

- Оглас -

Најнови вести