Елмас царуваше во Неапол, Топчиите на Арсенал останаа без муниција против Барнли (Видео)

Елиф Елмас одигра прекрасен меч за Наполи против Салернитана и со асистенција и велемајсторски потег со слалом од кој изнуди пенал во првото полувреме беше меѓу најзабележителните на теренот во Неапол и во победата на својот тим од 4:1.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, а почна со интересна асистенција до Хуан Жезус во 17. минута.

Потоа Бонацоли израмни на 1:1, но Елмас го имаше последниот збор во првото полувреме.

Со вистински слалом влета во шеснаесетникот на Салернитана и беше фаулиран за пенал, што прецизно го погоди Мертенс.

Napoli [2]-1 Salernitana Mertens penalty 45+4′ from soccer

Амир Рахмани погоди за 3:1 и ја осигура победата на Наполи што му донесе значајни бодови на тимот од Неапол, кој сега е втор на табелата со 49 бода, четири помалку од лидерот Интер, но со меч повеќе.

Napoli [3]-1 Salernitana Rrahmani 47′ from soccer

Печат на победата на домаќините стави Лоренцо Инсиње со нов прецизен удар од 11 метри во 53. минута.

Napoli [4]-1 Salernitana Insigne penalty 53′ from soccer

Во исто време од 15 часот во Серија А, Специја ја победи Сампдорија со 1:0, а Торино одигра нерешено 1:1 со Сасуоло.

Во Англија изненадување приреди Барнли со реми без голови на гостински терен против Арсенал.

Ливерпул со 3:1 славеше на гости кај Кристал Палас, а без победник, 1:1 одиграа Лестер и Брајтон.

 

- Оглас -

Најнови вести