Елмас ги одигра првите минути во Бундеслигата, одисејата во Ред Бул Лајпциг ја започна со пораз (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ја започна новата одисеја во неговата кариера, и тоа во дресот на Ред Бул Лајпциг играјќи ги последните минути од мечот против Ајнтрахт Франкфурт кој славеше со минимални 0:1.

Елмас во првите денови од јануари направи трансфер од Наполи во Ред Бул Лајпциг, но тренерот Марко Росе одлучи да го остави Македонецот на клупата за резервни играчи и во игра го внесе во 88-та минута на местото на Фухс.

Елмас во првите минути како фудбалер на Ред Бул Лајпциг покажа дека ќе биде големо засилување на германскиот тим бидејќи по негова акција соиграчите имаа шанса да го израмнат резултатот.

Единствениот гол беше дело на Ансгар Кнауф во седмата минута.

Невообичаено за натпреварите од Бундеслигата, фудбалерите не беа расположени за давање голови бидејќи на четирите меча беа постигнати вкупно шест гола.

Освен мечот во Лајпциг, голови имаше и на дуелите Келн – Хајденхајм и Мајнц – Волфсбург кои завршија без победник 1:1.

Лидерот на табелата, Баер Леверкузен до победата дојде со голот на Паласиос во 94-та минута. Дуелот меѓу Фрајбург и Унион Берлин заврши без голови.

- Оглас -

Најнови вести