Елмас има проблем – Резерва му е на најдобриот стрелец во Серија А, а тој дава евроголови (Видео)

Квича Кварацхелија игра извонредно, откако летово го засили Наполи и Грузиецот веќе е и прв стрелец во Серија А со три гола по две кола.

Грузиецот и денеска одигра феноменално во победата на Наполи од 4:0 против Монца и даде два гола.

Првиот беше вистинско ремек-дело, а грузискиот репрезентатвец го постигна во 35. минута за предност на Наполи од 1:0.

Napoli 1-0 Monza – Khvicha Kvaratskhelia 35′ (Great Goal) from soccer

Кварацхелија погоди и во 62. минута, а само 8 минути подоцна Елиф Елмас влезе место него во игра.

Napoli [3]-0 Monza – Khvicha Kvaratskhelia from soccer

Македонскиот репрезентативец по истото сценарио го замени Грузиецот и на првиот меч во новата сезона во Серија А против Верона во победата од 5:2.

Стрелци на по еден погодок вечерва против Монца беа и Осимен и Мин-Јае.

Во меч што се играше во исто време од 18.30 часот, Емполи и Фиорентина одиграа без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести