Елмас јавно му се заблагодари на Анчелоти

Наполи се раздели со Карло Анчелоти, а попладнево за нов тренер на тимот ќе биде претставен Џенаро Гатузо. Член на Наполи е македонскиот интернационален Елиф Елмас, кој јавно преку социјалните мрежи му се заблагодари на досегашниот шеф.

„Мистер, ви благодарам за сè што направивте за мене. Ми беше задоволство да работам со вас и што бевте мој тренер. Ви посакувам среќа во понатамошната кариера“, напиша Елмас.

Италијанските медиуми шпекулираат дека токму трансферот на Елмас е еден од најголемите проблеми кој го имал Анчелоти со Наполи. Наводно, на клубот ми требало крило, а на Анчелоти му бил донесе Елмас, кој не игра на таа позиција. Иако не е главна причина за разделбата, се тврди дека и овој случај имал влијание врз односите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести