Елмас ќе има нов капитен, Наполи го продава Инсиње

Лоренцо Инсиње, капитенот на Наполи, е ставен на продажба поради тоа што клубот не може да му ги исполни барањата околу продолжување на соработката.

Европскиот првак влезе во последната година од договорот со Наполитанците, а за да остане на стадионот „Диего Марадона“, бара покачување на моменталната плата, која изнесува пет милиони евра, но клубот не може да си го дозволи тоа. Затоа управата го стави Инсиње на трансфер-листа и може да си замине доколку некој клуб издвои до 30 милиони евра за неговите услуги.

Според италијанските медиуми, засега интерес покажуваат Барселона и Тотенхем, но допрва треба да се воспостави контакт околу преговори. Тоа значи дека Елиф Елмас покрај тоа што доби нов тренер во Лучијано Спалети, веројатно ќе добие и нов капитен во пресрет на новата сезона.

Инсиње како 15-годишен пристигна во Наполи, половина од својот живот го помина под Везув, каде што запиша 397 настапи со учинок од 109 гола и 85 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести