Елмас му носи среќа на Наполи – Кога е стартер вицешампионот знае само за победи

Елиф Елмас си фати место во стартната постава на Наполи, а со него во тимот вицешампионот на Италија реди само победи.

Македонскиот репрезентативец играше до 76. минута, кога беше заменет со Пјотр Зјелински. Наполи ја забележа четвртата победа по ред кога Елмас почнува отпочеток, а вечерва наполитанците приредија и пресврт.

По првото полувреме Бреша имаше предност со голот на Канселор во 26, но потоа гостите доминираа. Со головите на Инсиње од пенал во 49. минута и на Фабијан Руиз пет минути подоцна гостите направија пресврт и ги освоија бодовите во премиерниот меч од 25. коло во Серија А.

Со 36 бода Наполи се проби на шестата позиција, но има меч повеќе од конкурентите. Бреша остана на претпоследното место со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести