Елмас не е планиран за стартер на дербито против Интер

По првите 90 минути одиграни во италијанскиот фудбал по тримесечната пауза поради Коронавирусот немаше голови. Јувентус и Милан одиграа 0:0, резултат кој ја одведе Старата дама во финалето на Купот. Вечерва следува нов возбудлив дуел во Неапол.

Наполи е домаќин на Интер, а домаќините имаат капитална предност од еден гол, благодарение на победата на „Џузепе Меаца“ во Милано. На тој дуел, сите 90 минути ги одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој одигра одличен меч. Сепак, според најавите Елмас вечерва не е во плановите на тренерот Џенаро Гатузо за во стартната постава.

Гатузо најавува офанзивна формација со 4-3-3, но без Елмас во тимот. Стартери се очекува да бидат: Оспина, Ди Лоренцо, Кулибали, Максимовиќ, Марио Руи, Ален, Деме, Зиелински, Политано, Мертенс и Инсиње.

ИНТЕР МОРА ДА ДАДЕ ГОЛ

Сезонава неколку пати се покажа дека Наполи игра одлично со Елмас на теренот, а кога Македонецот го нема во првите 11, Наполи знаеше да направи и кикс против послаби екипи. Интер треба да покаже дали ќе ја искористи оваа шанса и да ја анулира негативата.

Нераѕурите ќе мора да дадат гол ако сакаат да се надеваат на место во финалето, па затоа и Антонио Конте планира офанзивна игра во формација 3-4-1-2:  Хандановиќ, Скриниар, Де Вриј, Бастони, Кандрева, Барела, Брозовиќ, Јанг, Ериксен, Лукако, Лаутаро Мартинез.

 

- Оглас -

Најнови вести