Елмас нема да биде стартер во Наполи ниту со Спалети како тренер

И на почетокот на новата сезона, во стартниот тим на Наполи нема да има место за македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Ова го најавуваат некои италијански медиуми и аналитичари, кои најавуваат дека Наполи со новиот тренер Лучијано Спалети ќе игра во формација 4-2-3-1.

Ваквата тактичка поставеност треба да му оди во прилог на Елмас, но веројатно ќе треба шансата да ја чека од клупата за резерви, а најавено е дека предност ќе добие Лоботка.

Позитивната вест е што Елмас е поливалентен играч, кој добро може да игра на неколку позиции, па Спалети ќе има можност често да му дава шанса зависно од тоа на кое место во средината на теренот ќе му треба знаењето на Елиф.

- Оглас -

Најнови вести