Елмас: Сум играл на сите позиции, освен голман, но не му кажувајте на Оспина

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас во интервју за радиото „Кис Кис“ од Неапол даде интересни одговори на некои од прашањата.

„Не сум играл само уште како голман, нo не му кажувајте на Оспина, ќе се налути. Преферирам да сум офанзивен играч во средниот ред, но одлично се адаптирам и на други места во тимот. Најважно е да играм“, одговори Елмас на прашањето која му е омилена позиција.

Елмас верува дека Наполи има квалитет за титула во Серија А и дека максимално се фокусирани на таа цел. За баражот Италија – Македонија, Елмас, кој не играше поради суспензија, рече дека во фудбалот не секогаш победуваат големите имиња.

„Жал ми е за Италија, но за мојата земја таа победа донесе неверојатна радост. Таков е фудбалот, големите играчи не победуваат секогаш“, изјави Елмас.

- Оглас -

Најнови вести