Ембид му завидува на Јокиќ: Сакам да бидам шампион, и тоа по секоја цена

Центарот на Филаделфија сиксерс, Џоел Ембид, откри дека најголема желба во кариерата му е да ја освои титулата во НБА-лигата.

Ембид минатата сезона беше прогласен за МВП на регуларниот дел, откако две години претходно, на гласањето завршуваше на второто место зад Никола Јокиќ.

Сега откако Јокиќ со Денвер нагетс ја освои титулата, Ембид изјави исто така сака да го крене шампионскиот пехар.

„Јас само сакам да бидам шампион, и тоа по секоја цена. Не знам кога ќе се случи тоа и дали ќе играм за Филаделфија или за некој друг тим. Не е лесно, се секој ден ќе работам за да ја остварам целта“, изјави Ембид.

- Оглас -

Најнови вести