Емери направи машинерија од Астон вила, од март годинава ниже само победи на „Вила парк“ во Премиер лигата

Астон вила со денешниот триумф од 1:0 над Арсенал во дербито ја наметна кандидатурата за титулата, моментно е трета на табелата со 35 бода, само два помалку од лидерот Ливерпул, а во остатокот од сезоната има голем адут.

Имено, тимот на менаџерот Унаи Емери се наоѓа во серија од дури 15 победи по ред во Премиер лигата на домашен терен и ја продолжи неверојатната победничка серија во Премиер лигата која започна уште во март.

Подобра победичка серија имаат само три тима во историјата, Ливерпул со 24 триумфи по ред на „Енфилд“, Манчестер сити кој има 20 победи во низа на домашен терен и Манчестер јунајтед со 19 победи во низа на „Олд трафорд“.

 

По поразот од Арсенал со 2:4 на 18-ти февруари, Астон вила влезе во неверојатна серија која се уште трае, а следниот тим кој треба да пристигне на „Вила парк“ е фенерџијата Шефилд јунајтед, додека на 30 декември ќе гостува и Барнли. Вистински предизвик за фудбалерите на Емери ќе бидат првите двата меча во Премиер лигата 2024 година, против Њукасл и Манчестер јунајтед.

Сите 15 победи по ред во Премиер лигата на Астон вила на „Вила парк“

Астон вила – Кристал палас 1:0
Астон вила – Борнмут 3:0
Астон вила – Нотингам форест 2:0
Астон вила – Њукасл 3:0
Астон вила – Фулам 1:0
Астон вила – Тотенхем 2:1
Астон вила – Брајтон 2:1
Астон вила – Евертон 4:0
Астон вила – Кристал палас 3:1
Астон вила – Брајтон 6:1
Астон вила – Вест хем 4:1
Астон вила – Лутон 3:1
Астон вила – Фулам 3:1
Астон вила – Манчестер сити 1:0
Астон вила – Арсенал 1:0

- Оглас -

Најнови вести