Емери не знаеше дали да се смее или да плаче: Трагикомичниот автогол на Манди во 90+5 скрати сензација во Мадрид (видео)

Актуелниот првак на Шпанија, Атлетико Мадрид, вчера во последните мигови избегна пораз од Вилјареал откако стоперот на гостите, Аиса Манди, си постигна трагикомичен автогол во петтата минута од судиското надополнување и ги постави конечните 2-2 на „Ванда Метрополитано“.

Жолтата подморница беше многу блиску до подвиг, но играчите на Унај Емери не издржаа во самиот финиш по недоразбирањето по една долга топка на Саул. Манди од околу 30 метри со глава сакаше да ја спушти топката до својот голман, а Рули не беше добро позициониран и не успеа навреме да стигне и да спречи изедначување.

Гостите на двапати имаа предност по головите на Тригеирос и Данџума во второто полувреме, додека Суарес беше стрелецот на Атлетико за 1-1 во 56-тата минута. Ова беше прв кикс на бранителот на титулата во Шпанија по две врзани победи, додека Вилјареал сезоната ја отвори со три ремија.

- Оглас -

Најнови вести