Емил Рајковиќ: Во српската селекција има тројца мои играчи, на Германците сега им е шансата за злато

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ, како предводник на гигантот ЦСКА Москва, во Бања Лука утре против Партизан ќе се бори за трофејот на турнирот по повод 50-тиот роденден на клубот Игокеа, а даде свое мислење и за финалето на Мундобаскетот во кое ќе се сретнат Србија и Германија.

„Милутинов, Давидовац и Ристиќ се мои играчи, од срце им честитам, како да сум таму со нив. Само уште еден чекор, уште еден чекор… Германија победи во полуфиналето против САД, сега им е шанса за злато“ – рече Рајковиќ.

- Оглас -

Најнови вести