Емилијано Мартинес најдобар голман, Анчелоти најдобар тренер, Кејн и Мбапе најдобри напаѓачи

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар светски голман ја доби Емилијано Мартинес од Астон Вила. Аргентинскиот репрезентативен голман втора година по ред го добива ова признание.

Конкуренција му беа Унаи Симон, Андриј Лунин, Џанлуиџи Донарума, Мајк Мењан, Јан Зомер, Ѓорѓи Мамардашвили, итн.

Наградата „Јохан Кројф“ за тренер на годината му припадна на Италијанецот Карло Анчелоти од Реал Мадрид. Тој доби предност пред шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте. Американската селекторка Ема Хејс е најдобар тренер во женска конкуренција.

Се додели и наградата „Герд Милер“ за најдобар напаѓач, а ја поделија Хари Кејн и Килијан Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести