Голманот Алисон Бекер, играчот за врска и крило Бернардо Силва, како и напаѓачот Роберт Левандовски, се трите ветерански ѕвезди со кои Јувентус посакува да се засили во летниот преоден рок.
Португалецот и Полјакот ќе бидат слободни агенти, а за бразилскиот голман веројатно ќе треба да му се плати некоја мала отштета на Ливерпул бидејќи Алисон, кој бранеше во Серија А за Рома пред околу една деценија, има договор до јуни 2027.
Со Алисон, Бернардо и Левандовски, тимот би добил квалитетни искусни играчи со победнички менталитет, нешто што сега фали во составот на тренерот Лучано Спалети.

