Емотивна сцена: цел гостински тим прослави победа со единствениот нивен навивач на трибините (Фото)

Екипата на Судтирол извојува победа од 2-0 на гостувањето кај Беневенто во меч од италијанската Серија Б, а по средбата, гостите истрчаа накај трибината зад едниот гол, каде што беше сместен еден и единствен нивен навивач.

Овој фан беше сам на трибината наменета за гостински навивачи и предизвика внимание.

Откако заврши мечот, играчите на Судтирол го поздравија навивачот и му подарија еден дрес и гаќички честитајќи му за верноста и пожртвуваноста. Инаку, од Болцано до Беневенто има 847 километри.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести