Емполи ја победи Парма и се извлече од опасната зона

Емполи оствари важна победа на домашен терен против Парма славејќи со 2-1. Со овие три бода сега тимот скокна над опасната зона на табелата, но има и еден одигран натпревар повеќе од Лече и Венеција, кои се меѓу загрозените.

Фацини во 11-тата минута донесе водство за Емполи, а Парма остана со фудбалер помалку во 31-та минута кога беше исклучен Лаутаро Валенти.

Милан Ѓуриќ погоди за израмнување во 73-та минута, но Фаустино Ањурин обезбеди триумф за Емполи со голот во 86-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести