Емполи победнички прослави камбек во Серија А, неизвесно станува за Николов и Жута

Емполи на победнички начин се врати во Серија А и повторно ќе биде дел од елитата по пауза од две сезони. Ја победија Козенца со 4:0 во 36-тото коло и со 70 бода на врвот се недостижни за ривалите на две рунди до крајот на првенството во Серија Б.

Емполи последен пат беше калчолигаш во сезоната 2018/2019, кога испадна како 18-топласирана екипа. Сега доминираа во Серија Б и како шампион во второлигашката конкуренција ќе се преселат во највисок ранг на натпревари.

Битката за второто место кое исто така директно води во Серија А ќе биде неизвесна до крај, а трилингот Салернитана, Лече и Монца се единствени кандидати.

Салернитана има два бода предност пред Лече и Монца и најголеми шанси да биде провилгаш заедно со Емполи.

Лече, за кого играат Бобан Николов и Леонард Жута, со два порази по ред се лизна од второто место, а денеска по поразот од Монца, се израмни со конкурентот со по 61 бод на третата и четвртата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести