Емполи стави крај на тортурата од Наполи

Емполи со конечни 2-1 го совлада Наполи во мечот од 30-тото коло во Серија А. Eмполи конечно стави крај на лошите резултати против тимот кој го предводи Карло Анчелоти, па првпат по четири порази во низа издвои победа.

Фаријас во 28-мата минута ја израдува домашната публика, но Зјелински успеа да израмни за Наполи пред финишот на првото полувреме. Непосредно по стартот на второто полувреме, домаќините одново поведоа, Ди Лоренцо беше стрелец на вториот гол за Емполи, со кој домашната екипа стигна до трите бода.

Ова беше петти пораз за Наполи сезонава во Серија А, додека Емполи со седмата овосезонска победа излезе од црвената зона и сега со 28 бода се наоѓаат на 17-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести