Ендрик е ѕвезда, Бразил победи на „Вембли“ со гол на 17-годишникот (Видео)

Бразил со 1-0 триумфираше на пријателскиот меч против Англија на „Вембли“ во Лондон, а стрелец на единствениот гол беше 17-годишниот Ендрик.

Овој напаѓач кој летово откако ќе стане полнолетен, ќе се пресели во Реал Мадрид, влезе во игра на 20 минути до крајот, десет минути подоцна постигна гол кој ќе го памети цел живот, бидејќи му е прв во дресот на сениорската селекција на Кариоките.

- Оглас -

Најнови вести