Палмеирас втора сезона по ред е шампион во фудбалското првенство на Бразил. Утрово Палмеирас одигра 1-1 на гостувањето кај Крузеиро и тоа беше доволно за 12-тата титула во историјата.
Резултатите од другите мечеви беа такви што Палмеирас дури и да загубеше, ќе станеше првак. Голот за водство го даде 17-годишниот Ендрик, кој следното лето откако ќе стане полнолетен, ќе му се придружи на Реал Мадрид. За Ендрик ова е втора титула, а со игрите во последните мечеви покажа зошто Реал го купи уште лани.
Тажна вест од Бразил е испаѓањето на славниот Сантос, клуб кој има 111-годишна традиција и за којшто играше Кралот на фудбалот Пеле, како и други ѕвезди од типот на Нејмар и Родриго.
По преселбата на Сантос во ранг подолу, сега Фламенго и Сао Пауло се единствените клубови во Бразил кои никогаш не испаднале во Серија Б.
Ова е голот на Ендрик по кој немаше дилеми дека Палмеирас повторно ќе биде шампион на Бразил:
https://twitter.com/i/status/1732575298581848453