Енис Барди блеска – даде два гола против Селта, а не помина ни пола час (Видео)

Енис Барди потврдува дека е во одлична форма на крајот од сезоната во шпанската Примера дивисион. Македонскиот репрезентативец на гостувањето во Виго кај Селта даде два гола уште во првите 28 минути. Првиот погодок Барди го постигна во 11-тата минута, кога одлично ја искористи асистенцијата и од заднина успешно биеше во голот на домаќините.

https://youtu.be/4RE0zVr3Hmk

Во 28-мата минута Барди по вторпат погоди и донесе капитална предност за Леванте, иако домаќините се под притисок дека мора да победат за да бидат сигурни дека нема да испаднат.

https://youtu.be/nRS3GLqcLLk

Барди погоди и во претходното коло, кога Леванте на свој терен загуби од Атлетик Билбао со 1:2.

- Оглас -

Најнови вести