Енис Барди – Најдобар македонски фудбалер за 2020 година

Енис Барди е избран за најдобар македонски фудбалер за 2020 година според изборот на „Софаскор“.

Веб-страницата која се занимава со статистика го избра плејмејкерот на Леванте како најдобар фудбалер од нашата земја, со просечна оценка по настап за клуб и репрезентација од 6.92.

Сосема заслужено Барди се најде во овој избор со оглед на тоа дека запиша одлични настапи за Леванте, по што беше избран за најдобар странец во историјата на клубот, додека со националниот состав на Македонија се избори за пласман на Европското првенство.

https://twitter.com/SofaScoreINT/status/1337456319381581824

- Оглас -

Најнови вести