Енрике во ПСЖ сака да донесе голман од Шпанија

Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, е заинтересиран на „Паркот на принцевите“ да го донесе голманот на Севиља и на мароканската репрезентација, Боно.

Управата на ПСЖ на барање на Енрике, веќе го направи првиот чекор. ПСЖ испрати понуда вредна 15 милиони евра, но Севиља ја одби истата и бара најмалку 20 милиони евра.

Желбата на Енрике е да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција бидејќи не е убеден дека Џанлуиџи Донарума е најдобро решение.

- Оглас -

Најнови вести