Англиското крило Ентони Гордон од Њукасл се сели во Барселона. Каталонците испратија понуда од 70 милиони евра фиксни, со можност да станат и 80 ако се исполнат некои бонуси врз основа на резултатите и придонесот на Гордон.
Гордон е англиски репрезентативец, тој сезонава играше против Барса и тренерот Ханси Флик смета дека му е потребен таков профил на играч, сличен на Маркус Рашфорд, кој играше како позајмен за Каталонците сезонава. Некои сметаат дека сумата која ќе ја плати Барселона е превисока како за некој што има скромни 6 гола и две асистенции сезонава во Премиер лигата, но во Барса мислат дека 25-годишниот Гордон има голем потенцијал.
Интерес за Гордон имаше и од Баерн, како и од Ливерпул, клубот од неговиот роден град, но реши да ја прифати понудата на шпанскиот првак.
Се зборува дека Гордон уште утре ќе отпатува во Барселона, каде што треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да потпише, по што би се вратил во татковината и би се фокусирал на подготовките за Светското првенство.

