Енцо до Дибала: Дојди во Челзи, заедно ќе правиме скара!

Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандес го повикал сонародникот Пауло Дибала од Рома да му се придружи во Челзи и заедно да правеле скара во западен Лондон.

„Се надевам дека ќе дојде. Разговарав со него и му реков дека го чекам за да правиме скара. Ми треба друштво за такво нешто“, откри Фернандес, кој посакува поголема аргентинска колонија во неговиот тим.

За потсетување, и менаџерот на Челзи е Аргентинец, Маурисио Покетино. Покетино беше блиску да го ангажира Дибала и во времето кога го водеше Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести