Ентузијазмот не го напушта Пеле: Подготвен сум да играм 90 минути, а ако треба и продолженија

Фудбалската легенда Пеле, објави на социјалните мрежи дека се чувствува добро по отстранувањето на рак на панкреасот.

Тој, пред неколку дена ја изврши операцијата, а сега ја напушти болницата и е на домашно лекување. Пеле, се обрати преку својот профил на Инстаграм, каде што низ шега кажа дека е подготвен да игра пак фудбал.

„Мои пријатели, ова е порака за сите вас. Немојте да помислите дека не сум ги прочитал вашите пораки за брзо закрепнување. Ви благодарам многу бидејќи одвоивте време да ми испратите позитивна енергија. Љубов, љубов и само љубов. Веќе ја напуштив болницата и сум во мојата соба. Секој ден сум се посреќен и се надевам дека ќе бидам во можност да одиграм 90 минутен натпревар и ако е потребно дополнително време. Ќе бидеме заедно наскоро“ напиша Пеле на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести