ЕП сега се игра во градови од различни земји и никогаш повеќе!

Првиот човек на Европската фудбалска куќа, Александер Чеферин, смета дека не е фер што некои репрезентации патуваа и по 10.000 километри, додека останатите мораа да минат минимален пат за натпреварите од тековното Европско првенство.

На Чеферин не му се допаѓа начинот на одржување на континенталниот шампионат во повеќе градови од различни земји, па истакна дека за наредното ЕП нема да го поддржи овој формат.

„Никогаш повеќе нема да го поддржам овој формат. Преголем е предизвикот за дел од репрезентациите кои мораа да поминат над 10.000 километри за своите натпревари, додека останатите патуваа само 1.000 километри или помалку. Не е фер ниту за навивачите. Некои од нив беа во Рим, а неколку дена потоа патуваа во Баку. Идејата беше интересна, но тешко остварлива“, посочи претседателот на УЕФА.

За потсетување, 16-тото издание на ЕП се одржа во 11 градови со тоа што на Лондон му беше доделена завршницата.

Во пресрет на финалето во кое на „Вембли“ ќе се сретнат Италија и Англија измерено е колку километри патуваа сите 24 репрезентации-учесници. Македонија е меѓу оние со најмала километража од 1.800 километри, а Швајцарците се рекордери со 17.000 километри.

- Оглас -

Најнови вести