Познат епидемиолог го искара Ѓоковиќ за вакцината, народот го брани тенискиот ас

Новак Ѓоковиќ излезе со свој став за евентуалното вакцинирање од Ковид-19 и е противник на вакцинацијата што предизвика вистински земјотрес во Србија, па реагираше доктор Предраг Кон, кој е епидемиолог и член на владиниот тим во битката за справување со Коронавирусот.

Кон вели дека е голем фан на Ѓоковиќ, но и дека тенискиот ас греши, па дури дека сега е и доцна за да се корегира штетата. Новак е многу влијателен во светот на спортот и интересно е што грото жители на Србија одговрија со коментари дека го поддржуваат во врска со ставот за вакцината.

„Како еден од најголемите и најверни симпатизери на Ѓоковиќ би сакал да имав можност да му го објаснам значењето на имунизацијата за здравјето на населението. Сега мин се чини дека е доцна, бидејќи создаде погрешна слика и тука веќе нема помош. Мајсторе ти посакувамк многу среќа и обиди се во иднина да избегнуваш одговори на прашањата во врска со вакцините, бидејќи твоето влијание е огромно“, напиша Кон на својот Твитер профил.

Објавата уште толку ги разгоре страстите, а грото од коментарите на обичните луѓе претежно во Србија, но и во останатите земји на светот го бранат ставот на тенискиот ас.

„Докторе не го напаѓајте Новак. Тој само го кажа тоа што и обичнит народ го мисли“ е еден од многубројните коментари на постот што го објави епидемилогот Кон.

Вакцина за Ковид-19 се уште нема, а се очекува најрано дури следната година, што остава простор за дополнителни објаснувања на научна основа од страна на стручните лица, пред да се врши евентуална масовна имунизација со вакцинирање на населението.

- Оглас -

Најнови вести