Епски подвиг на Мареј во местото што му е најмалерозно – Шкотот се врати од 0:2 во сетови и 2:5 за голем триумф на Австралија опен

Енди Мареј го направи подвигот на кариерата и тоа во Мелбурн место каде што загуби пет финалиња на Австралија опен, а денеска таму испиша тениска бајка со триумф од 3:2 против Танасис Кокинакис.

Шкотот кој веќе има полни 35 години губеше со 0:2 во сетови и 2:5 во гемови, што значи дека беше само на една игра од лесна елиминација со 0:3, но тогаш покажа заби и приреди светско чудо и уникатен подвиг и пресврт.

Со серија од 3:0 израмни на 5:5, па го доби тај-брејкот со 7:5 во поени и намали на 1:2 во сетови.

Следниот сет го доби со 6:3 и израмни на 2:2, за потоа во маратонскиот меч од 5 часа и 50 минути да го добие и петтиот сет со 7:5 за епска победа.

Мареј во Мелбурн на Австралија опен има загубено пет финалиња и нема трофеј во најмалерозното место за него, а вкупно во кариерата има три пехари на гренслемовите.

И во претходното коло Шкотот победи во пет сета против Матео Беретини, а во следната рунда ќе игра со Роберто Баутиста од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести