Епското деби за Кајри Ирвинг расипано со пораз, Дончиќ од прв меч почна да „гази“ (Видео)

Кајри Ирвинг постигна 50 поени и постави нов НБА-рекорд за играч кој дебитира во нов клуб. Сепак, ни феноменалната игра на Ирвин не беше доволна за Бруклин да се радува во дуелот против Минесота. На Ирвинг му беа потребни уште два поени за да се радуваат домаќините.

Тоа е така затоа што токму тој го имаше последниот шут на мечот, но утна во последната секунда од продолжението. На крајот Минесота се радуваше во Бруклин на триумф од 127:126.

На Ирвинг му остана само рекордот кој ги сруши дури по 35 години. Претходно, рекорд за најмногу поени во прв меч за нов клуб држеше Ванд де Веге, кој во 1984 година има постигнато 47 поени во дресот на Портланд.

Дебитантот на ланската сезона во НБА, Лука Дончиќ, уште во првиот меч покажува дека е подготвен за ново шоу. Младиот Словенец беше незадржлив и предводник во победата на Далас против Вашингтон од 108:100. Дончиќ даде 34 поени, а имаше и девет скока и три асистенции. Покрај Лука, кај Далас одличен беше и Кристапс Порзингис, кој погоди 23 поени.

Далас имаше убедливо водство од 91:68, па двајцата најдоби беа повлечени од теренот, но тогаш Вашингтон почна да ја намалува високата негатива, па Далас мораше да ги врати своите најдобри играчи на теренот за да не се дозволи изненадување.

Резултати: Шарлот – Чикаго 126:125, Индијана – Деторит 110:119, Орландо – Кливленд 94:85, Бруклин – Минесота 126:127 (прод.), Мајами – Менфис 120:101, Филаделфија – Бостон 107:93, Далас – Вашингтон 108:100, Сан Антонио -Њујорк 120:111, Јута – Оклахома 100:95, Феникс – Сакраменто 124:95, Портланд – Денвер 100:108.

 

- Оглас -

Најнови вести