Ер-Роналдо пак летна моќно и високо, но сега промаши (Видео)

Кристијано Роналдо ја имаше најубавата шанса за Португалија по половина час игра  на мечот со Гана, се стори добро, но завршниот удар со глава не му беше добар.

Популарниот ЦР 7 и на 37 години пак потврди дека има моќен одраз, скокна високо и надмоќно во 13-тата минута, но, за негова несреќа, промаши.

Неверојатниот скок и одраз на Португалецот и непрецизниот удар со глава можете да ги погледнете ОВДЕ.

Легендарен беше голот на Роналдо за Јувентус против Сампдорија во сезоната 2019/20, кога беше измерено дека скокнал 2.56 метри, а рекорд му е виочината од 2.93 метри во дресот на Реал Мадрид против неговиот Манчестер јунајтед пред 10 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести