Ербер и запеа „Жетем“ на саканата Јулија и го декласира Циципас (Фото)

Пјер Хјуз Ербер приреди голема сензација на АТП турнирот во Марсеј со елиминација на вториот носител Стефанос Циципас, а имаше и кусо караоке шоу со познати рефрени на францускиот хит “Je t’aime”.

При една од паузите на мечот од четвртфиналето 93-рангираниот светски тенисер отпеа некоја нота од познатиот хит, а потоа успеа и да го елиминира петтиот на АТП листата.

https://twitter.com/Stroppa_Del/status/1370444529740972034?s=20

За подвигот да биде поголем, 29-годишниот тенисер од Франција направи и пресврт, откако го загуби првиот сет со 6:7 во тај брејк со 6:8 во поени.

Потоа се разигра, па и се распеа со нежни ноти посветени на сопругата Јулија и успеа да победи со 6:7, 6:4, 6:2. Сега има шанса и за прва сингл титула во кариерата, а во светот на тенисот е многу попознат како дубл играч.

Ербер е одлилен тенисер во двојки и ги има титулите од сите четири гренслема, Австралија опен, Рполан Гарос, Вимблдон и САД опен и беше и второрангиран на светот во таа категорија.

 

- Оглас -

Најнови вести