Ердал Ракип дојде во Скопје, селекторот му посака добредојде на новиот репрезентативец (Фото)

Новиот македонски репрезентативец Ердал Ракип пристигна во Скопје и му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски. Ракип, кој е играч на Малме, настапи и во Лигата на шампионите и добро ќе му дојде на средниот ред на нашиот национален тим, бидејќи на дуелите со Лихтенштајн на гости и со Германија дома поради повреда ќе го немаме на располагање Енис Барди.

Ракип, кој е роден пред 25 години во Малме, има играно за селекциите на Шведска за играчи до 17, 19 и 21 година, но нема настап за сениорскиот национален тим на Шведска и ФФМ го искористи тоа, па комплетирани се документите за да може нашинецот да игра за репрезентацијата на Македонија.

Прв што му посака добредојде на Ердал беше селекторот Милевски, а и Александар Трајковски, како еден од најискусните, веднаш направи Ракип да се чувствува како меѓу свои блиски пријатели со кои ќе дели и добро и лошо.

- Оглас -

Најнови вести