Ерера се снајде: Не местев натпревари, пари ми префрлија по грешка

Андер Ерера е еден од главните осомничени во Шпанија за местење на натпревар од 2011 година, а тогашниот играч на Сарагоса добил пари на сметка, за кои денеска пред судот изјави дека му биле префрлени по грешка.

Истрагата посочи дека имало сомнителен банкарски трансфер на пари на личната сметка на фудбалерот, што е осомничен за местење на дуелот меѓу Сарагоса и Леванте.

„Тоа не беше никаков бонус, туку пари префрлени по грешка на мојата сметка. Ми кажаа дека треба да ги вратам и јас бев до банката, ги извадив и ги вратив. Веројатно погрешив што не побарав да ми се потпишат дека ги вратив парите. Затоа сега сум тука“, рече Ерера.

Покрај него, изјави во шпанскиот суд дадоа и Ланзаро, Доблас, Да Силва, Лопес, Нобрега, Понцио, Диого, Агире и Прието.

- Оглас -

Најнови вести