Ерхан Селими е нов селектор на репрезентацијата до 17 години, ќе дебитира денес против Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години има нов предводник. Станува збор за Ерхан Селими, кој ја презеде оваа селекција откако досегашниот селектор Дашмир Беари неодамна прерано почина.

Новиот селектор веднаш се фати за работа и ги собра репрезентативците во пресрет на пријателските дуели против соодветната селекција на Црна Гора, кои ќе се одиграат во Подгорица денес и во четврток.

„За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да се води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам сè од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми, но верувам во добри настапи“, вели новиот селектор Селими.

Од Фудбалската Федерација на Македонија иако ја споделија информацијата за новиот селектор, сепак не го објавија списокот со повикани фудбалери за контролните дуели против Црна Гора.

За разлика од нас, Фудбалскиот сојуз на Црна Гора пред три дена го објави списокот на повикани фудбалери за нивната репрезентација и ги најави дуелите против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести