Ериксен донесе победа за Интер, а Конте уште не е задоволен од него

Интер успешно ја заврши работата на гостувањето кај Лудогорец и со два гола во второто полувреме стигна до победа која речиси сигурно му гарантира место во следната фаза од Лигата на Европа. Кристијан Ериксен, кој во зимскиот преоден рок, дојде на „Џузепе Меаца“ од тимот на Тотенхем, го даде првиот погодок во дресот на новиот клуб за водство од 1:0. Победата на гостите ја потврди Лукаку со погодок од пенал во 95-тата минута.

Иако Ериксен беше најзаслужен за победата во Бугарија, тренерот на Интер, Антонио Конте, не сакаше премногу да го фали новиот играч.

„Добро одигра вечерва, но пред него има уште многу работа и верувам дека може да одигра многу подобро од тоа што одигра денеска. Среќен сум што даде гол затоа што тоа ќе му помогне да ја поткрене самодовербата, но уште не е во онаа форма во која очекувам да биде. Никаде нема да брзаме, ќе му дадеме доволно време да се вклопи во тимот“, рече Конте за играта на Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести