Ериксен е воодушевен од Дела Мадонина: Ваква атмосфера е недостижна за англискиот фудбал

Кристијан Ериксен го играше своето прво дерби Дела Мадонина како член на Интер против градскиот ривал Милан и вели дека атмосферата е неповторлива и тешко достижна за англискиот фудбал.

„Ова беше прекрасно искуство за мене. Атмосферата беше брилијантна, со неверојатна кореографија и бучно навивање, сè комплетно нешто недостижно за англискиот фудбал“, изјави Данецот.

Тој влезе во игра во 72-рата минута при резултат 3:2 за Интер, имаше и можност за супер деби со гол, но ја погоди рамката на голот. Сепак, се радуваше на победата со своите соиграчи, кои направија голем подвиг и негативата од 0:2 од првото полувреме ја преточија во победа од 4:2.

Мечот го следеа над 75 илјади гледачи, а атмосферата беше пеколна во меч што изобилуваше со голови, добри акции и возбудувања до самиот крај.

Ериксен зимаво од Тотенхем се пресели во Интер, откако мина 7 години во клубот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести