Ериксен ги израдува играчите на Интер со своето присуство (фото+видео)

Како што беше најавено, Кристијан Ериксен денес се појави во тренинг-центарот на Интер првпат по несреќата во која за малку ќе го загубеше животот.

Срцето престана да му работи кога Ериксен колабира во мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, па оттогаш играчот за врска носи вграден уред кој му ја следи работата на срцевиот мускул.

Ериксен се сретна прво со управата, а потоа и со соиграчите кои се израдуваа што го видоа, па моментот го овековечија со тимска фотографија. Ериксен воедно имаше прилика да се запознае со новиот тренер Симоне Инѕаги.

На Ериксен му следуваат низа тестирања и мора да работи со посебна програма за да ја одржи формата, па во наредниот период ќе се носи одлука дали ќе му биде дозволено да се врати на терените.

За потсетување, строгите правила во Италија не дозволуваат спортисти да настапуваат со дефибрилатори, но од клубот и самиот Ериксен се оптимистични дека ќе се направи исклучок, а има и опција уредот да му биде отстранет.

- Оглас -

Најнови вести