Ериксен не ги оправда средствата, Интер го стави на трансфер листа

Интер ќе се обиде да се ослободи од Кристијан Ериксен во летниот преоден рок, откако данската ѕвезда не ја доби довербата на клубот, а и кај тренерот Антонио Конте.

Ериксен во јануарскиот преоден рок потпиша за Нероаѕурите за сума од 20 милиони евра, Тотенхем го продаде за мала сума со оглед на тоа дека му истекуваше договорот, но веќе се најавува негово заминување по само нецела сезона. Од Италија пристигнаа информации дека Интер ќе се согласи на продажба доколку има клуб кој ќе плати до 60 милиони евра за услугите на данскиот плејмејкер.

Наводно Конте никогаш не побарал од управата да се ангажира Ериксен, туку сакал да го види Артуро Видал на „Џузепе Меаца“, па затоа ексиграчот на Тотенхем наскоро ќе си замине од Милано.

- Оглас -

Најнови вести