Ериксен преговара со Јунајтед, Кутињо како позајмен во Арсенал?

Манчестер јунајтед почна официјални преговори со Тотенхем за привлекување на данскиот плејмејкер Кристијан Ериксен, тврдат англиски медиуми. Расплетот го чека и Реал Мадрид, бидејќи ако Ериксен потпише за „црвените ѓаволи“, шансите на Реал да го ангажира Пол Погба ќе пораснат.

Иако долго време се зборуваше дека Манчестер ги сака Сергеј Милинковиќ Савиќ, сепак клубот од „Олд Трафорд“ сега се врти кон Ериксен, за кого се интересираа и двата најголеми мадридски клубови Реал и Атлетико. Договорот на Ериксен со Тотенхем му истекува следното лето. Домино ефектот со овој можен трансфер ќе предизвика прекин на Џовани Ло Селсо од Бетис во Тотенхем.

КУТИЊО СЕ ПОБЛИСКУ ДО КАМБЕК ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА, КОЈА МУ ЛЕЖИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШПАНСКАТА

Во француските медиуми тврдат дека Кутињо сигурно ја напушта Барселона и во претстојната сезона ќе игра како позајмен за Арсенал. Откако отпадна варијантата Кутињо да оди во ПСЖ како дел од посакуваната трампа за враќање на Нејмар на „Камп ноу“, сега фаворити за привлекување на Бразилецот се „топчиите“.

- Оглас -

Најнови вести