Ериксен: Во Интер дојдов затоа што имам повеќе шанси за да освојам трофеј

Трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем во Интер е можеби и најзвучниот во зимскиот преоден рок во Европа. Данскиот репрезентативец во изминативе неколку години беше двигател во играта на англискиот тим, но реши дека е време да ја смени средината.

„Нераѕурите“ за овој трансфер платија само 20 милиони евра, а Ериксен се обврза на четири и пол годишен договор. Ериксен открива дека една од главните причини поради која дојде во тимот од „Џузепе Меаца“ е затоа што верува дека со Интер може да освои титули, нешто што му недостасуваше додека играше во англискиот тим.

„Тука имам многу поголеми шанси да се радувам на титули отколку во претходниот клуб. Минатата година загубивме во финалето од Лигата на шампиони и тоа беше навистина големо разочарување. Тоа е ден на кој не сакам да се сеќавам. Во Интер сум за да почнам нешто ново, да почнам да освојувам титули. Последен пат кога се израдував на трофеј беше во времето кога играв за Ајакс, а тоа беше пред многу години. Сепак, се сеќавам на убавото чувство и сакам повторно да го почувствувам. Со Интер имаме шанси сезонава. Јувентус е првак неколку години по ред, но можеме да стигнеме до трофејот“, вели Ериксен.

 

- Оглас -

Најнови вести