Ериксен во Интер ќе го носи бројот на Коби Брајант

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен од денеска и официјално е нов член на Интер, а по потпишувањето на договорот, се пофали дека ќе го носи дресот со бројот 24. Ериксен во репрезентацијата на Данска ја носи десетката, во Тотенхем го имаше бројот 23 на грбот, но во дел од кариерата играше со бројот 8, а сега ја зеде 24-ката.

Броевите 8 и 24 ги носеше и покојниот екскошаркар Коби Брајант, кој деновиве е во центарот на вниманието, па можеби Ериксен во чест на Коби го зеде бројот 24, кој беше слободен во Интер.

„Веќе ја почувствував топлината на навивачите. Убаво е да се биде играч на Интер. Ова е голем предизвик за мене. Во Англија сум играл против екипа на тренерот Конте, беше многу тешко, и среќен сум што ќе учам од него“, изјави Ериксен.

Лоша вест за Интер е што на наредните два меча (со Удинезе и градското дерби против Милан) нема да може да смета на голгетерот Лаутаро Мартинес, кој во минатото коло доби црвен картон и е суспендиран на два натпревари.

- Оглас -

Најнови вести